• петок, 17 мај 2024

Грета Тунберг со пари од награда основа фондација

Грета Тунберг со пари од награда основа фондација
Копенхаген, 20 февруари 2020 (МИА) - Шведската активистка Грета Тунберг ќе ги употреби парите од наградата на Рајт Лајвлихуд организацијата за основање на истоимена фондација. Целта на непрофитната Фондација Грета Тумберг е „промовирање на еколошката и социјална одржливост, како и менталното здравје“, соопшти Рајт Лајвлихуд фондацијата, која и додели награда на тинејџерката минатата година. Таа награда се смета за алтернатива на Нобеловата награда. Како една од четворицата добитници на таа награда, Грета Тунберг доби повеќе од 100.000 долари. гт/

Остани поврзан