• недела, 22 декември 2024

Грета Тунберг мисли дека има коронавирус

Грета Тунберг мисли дека има коронавирус
Стокхолм, 24 март 2020 (МИА) - Грета Туберг мисли дека е „многу веројатно“ да има коронавирус. Таа на Инстаграм напиша дека изминативе две недели била во изолација. - Пред околу десетина дена, почнав да чувствувам некои симптоми, точно во исто време со татко ми, кој патуваше со мене од Брисел, пишува таа. - Се чувствував уморна, се тресев, имав болки во грлото и кашлица. Татко ми ги имаше истите симптоми, но беа поинтензивни и тој имаше треска, продолжи таа. Таа вели дека сега се малку закрепнала, но бара од луѓето да размислуваат за своите постапки и да бидат одговорни. јт/

Остани поврзан