• понеделник, 25 ноември 2024

Греми награди: Џон Батист со шест признанија, Оливија Родриго „откритие на годината“

Греми награди: Џон Батист со шест признанија, Оливија Родриго „откритие на годината“
Лас Вегас, 4 април 2022 (МИА) - Џон Батист доби шест признанија на 64. доделување на американските музички награди Греми во Лас Вегас. Четири награди освои проектот Силк Соник на Бруно Марс и Андерсон Пак. Поп ѕвездата Оливија Родриго беше прогласена за „откритие на годината“. За најдобра рок изведба, признание доби бендот Фу Фајтерс за „Making a fire“. Бендот е награден и за најдобар рок албум. „Jail“ на Кање Вест и Џеј Зи доби признание за најдобра рап песна, а за кантри песна, се награди „Cold“ на Крис Стаплтон. Греми наградите, од 1959 година, ги доделува американската Академија за уметности и науки на рекорди (НАРАС). бд/

Остани поврзан