• сабота, 23 ноември 2024

Град Скопје ја завршиле обврската на бул „Киро Глигоров“, МТВ чека допис за завршување на проектот

Град Скопје ја завршиле обврската на бул „Киро Глигоров“, МТВ чека допис за завршување на проектот
Скопје, 25 август 2022 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во однос на застојот на процесот на реконструкција на булеварот „Киро Глигоров“  вели дека она што било обврска на Град Скопје е целосно завршена и оти се очекува финализација од страна на Министерството за транспорт и врски за делот којшто е останат. Од Министерството за транспорт и врски, пак, изјавија дека очекуваат официјален допис од Град Скопје во најбрз можен рок за да се финализира проектот. - Она кое што како проект Град Скопје го имаше кај „Бриколаж“ на булеварот „Кирo Глигоров“ од наша страна е целосно завршено. Секако во овој момент се очекува финалната фаза за реконструкција на делот што е останат од страна на Министерството за транспорт и врски,  што е проект финансиран од Светска банка и се надевам дека наскоро ќе почне да се имплементира и верувам во краток период ќе биде завршено, истакна Арсовска на прашање за застојот на реконструкцијата на булеварот „Киро Глигоров. Од Министерството за транспорт и врски, во пишана изјава за МИА, наведуваат дека не биле информирани од Град Скопје дека можат да започнат со реконструкцијата. најавуават дека штом ќе добијат официјален допис од Град Скопје ќе се направи увид на терен и ќе се стартува со активностите. - Министерството за транспорт и врски како инвеститор на реконструкцијата на булеварот „Киро Глигоров“ има избрано изведувач пред цели 13 месеци, односно уште во јули 2021 година, по што бевме информирани од Град Скопје дека не можеме да започнеме со реконструкција, поради извршување на други градежни работи во дел на подземната инсталација на истиот булевар. Очекуваме во најбрз можен рок да добиеме официјален допис со кој Град Скопје ќе не информира за моменталната состојба на терен, по што нашите инженери ќе извршат увид и доколку се создадени услови за почеток на реализација на проектот веднаш ќе се пристапи со механизација на терен, велат од Министерството за транспорт и врски. Асфалтирањето на булеварот „Киро Глигоров“  на потегот од мостот Близнак до крстосницата со улица „Перо Наков“ започна во октомври 2021 година, по завршувањето на поставувањето на атмосферската и фекалната канализација што беше почнато во јули истата година. сх/лв/

Остани поврзан