• понеделник, 25 ноември 2024

Град Скопје ги исчисти и околните патишта

Град Скопје ги исчисти и околните патишта
Скопје, 14 февруари 2021 (МИА) - Град Скопје информира дека службите под негова надлежност ги исчистиле патиштата до Средно Водно, Долна Матка, Усје, Сопиште, Пинтија, Љубанци, Љуботен и Бањани, а им излегле во пресрет и на останатите институции, откако успешно го завршиле чистењето на сите градски улици и булевари. Потсетуваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и државните служби кои се задолжени за нивно чистење и одржување. Град Скопје упатува голема благодарност до сите градски комунални работници кои, како што се неведува, неуморно се бореа со снежното невреме во изминатото деноноќие.са/  

Остани поврзан