Град Скопје: Велосипедските и пешачките патеки на градските булевари и улици се чисти и проодни
- Град Скопје информира дека екипи на ЈП „Улици и патишта“ во текот на изминатото деноноќие интензивно работеле на расчистување од снегот на велосипедските и пешачките патеки на градските улици

Скопје, 7 март 2022 (МИА) - Град Скопје информира дека екипи на ЈП „Улици и патишта“ во текот на изминатото деноноќие интензивно работеле на расчистување од снегот на велосипедските и пешачките патеки на градските улици и булевари за да овозможат непречено движење на пешаците и велосипедистите.
Чистени се патеките на булеварите „Февруарски поход“, „Трета македонска бригада“, „Видое Смилевски Бато“, „Борис Трајковски“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „8-ми Септември“.
- Зимската служба на Град Скопје будно ја следи состојбата од сите пунктови и во координација со дежурните лица на терен се интервенира според потребите, посочуваат од прес-службата на Град Скопје.фф/лв/

