• петок, 05 декември 2025

Градоначалничката на германскиот град Хердеке тешко повредена во напад со нож

Градоначалничката на германскиот град Хердеке тешко повредена во напад со нож

Берлин, 7 октомври 2025 (МИА) - Новоизбраната градоначалничка на германскиот град Хердеке, социјалдемократката Ирис Сталцер, е тешко повредена во напад со нож, објавија германските медиуми.

Според полицијата, Сталцер претрпела повеќекратни убодни рани, а во градот во Северна Рајна-Вестфалија е во тек голема полициска операција, пишува германскиот „Шпигел“.

Деталите за нападот и идентитетот на сторителот сè уште не се познати.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази длабока загриженост, велејќи на платформата „X“ дека се надева на целосно закрепнување на политичарот.

Педесет и седумгодишната Сталцер беше избрана за градоначалничка пред нешто помалку од две недели, освојувајќи 52,2 проценти од гласовите во вториот круг од изборите. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан