Градоначалник во Сицилија поднесе оставка оти се вакцинирал преку ред
- Градоначалникот на сицилијанскиот град Корлеоне, Николо Николози изјави дека поднесува оставка затоа што ја примил вакцината против коронавирус преку ред, пренесе италијанската агенција АНСА.

Корлеоне, 8 март 2021 (МИА) - Градоначалникот на сицилијанскиот град Корлеоне, Николо Николози изјави дека поднесува оставка затоа што ја примил вакцината против коронавирус преку ред, пренесе италијанската агенција АНСА.
- Не спиев претходната ноќ размислувајќи за таа одлука и заклучив дека е правилно да поднесам оставка, рече Николози (78).
Медиумите објавија дека полицијата го истражува случајот.
Италија започна со вакцинација кон крајот на декември, а приоритет имаа медицинските работници и луѓето постари од 80 години.
Сепак, Николози во тоа време рече дека локалните политичари како него мора веднаш да бидат заштитени од вирусот, како и медицинските работници.
Покрај Николози, вакцинирани се и градски советници. паг/