• недела, 22 декември 2024

Градоначалникот Ѓорѓиевски го отвори новиот спортски комплекс „Бецко” во Драчево

Градоначалникот Ѓорѓиевски го отвори новиот спортски комплекс „Бецко” во Драчево

Скопје, 12 јули 2024

Синоќа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го отвори новиот спортски комплекс „Бецко” во местото викано Дупки во Драчево. На местото од некогашната депонија, непосредно до, лани отворениот рекреативен центар Феникс, сега на површина од 5000 квадратни метри има терени за фудбал, кошарка, одбојка и мал фудбал. За прв пат во Скопје, овде има и мотокрос патека која веќе предизвика огромен интерес меѓу младите и љубителите на спортот. Во есен, ќе се изврши и пошумување на просторот, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека овој нов спортски комплекс е именуван “Бецко”, по живата легенда од Драчево со која растеле многу генерации.

- Со огромно задоволство денес го отвораме новиот спортски комплекс во местото викано Дупки. Спортскиот комплекс ќе го носи името “Бецко”, по истоимената и жива легенда од Драчево со која јас и сите генерации растевме заедно. Ни беше како втор татко. Бецко, благодарам за сѐ!

На ова место, постоеше огромна дива депонија од која сите бегаа и го вртеа погледот, а сега блеска со нова енергија и живот. Пред една и пол година го отворивме забавно-рекреативниот центар ,,Феникс”, кој беше првиот чекор кон трансформацијата на оваа локација.

Денес, со голема чест го отвораме новиот, модерен спортски комплекс кој зафаќа 5000 квадратни метри.  Овој комплекс содржи терени за фудбал, кошарка, одбојка и мал фудбал.

За прв пат во Скопје, овде има и мотокрос патека која веќе предизвика огромен интерес меѓу младите и љубителите на спортот.

Просторот е хортикултурно уреден, oграден, осветлен, со уредени пешачки патеки и урбана опрема, клупи и канти за отпадоци, со што нашите очекувања се дека ова ќе биде често посакувана локација за спортски активности, за дружење, и рекреација, место каде нашите деца ќе можат да растат здраво и среќно.

Воедно, тој претставува еколошки пример за тоа како од дива депонија може да се создаде зелена и уредена оаза.

Сакам да потенцирам дека јас и мојот тим сме посветени на заживување на сите места во нашата општина кои во себе носат потенцијал, а стратегијата за  постигнување на рамномерен развој се огледува во обновувањето и градењето на спортската инфраструктура во сите населби и населени места.

Илустративно, во  мојот тригодишен мандат, инвестирано е во 20-тина вакви спортски центри, кои сведочат за нашата визија и решеност да создадеме подобра иднина за сите нас. Овие проекти се доказ за нашата посветеност и стремеж кон подобра иднина за сите наши граѓани. Нашата работа не завршува тука. Продолжуваме со истата динамика и посветеност за да обезбедиме уште повеќе можности-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан