• петок, 20 декември 2024

Градоначалникот на Пехчево од следниот вторник ги почнува средбите со граѓаните

Градоначалникот на Пехчево од следниот вторник ги почнува средбите со граѓаните
Пехчево, 13 ноември 2021 (МИА) - Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански од идниот вторник ќе го почне средбите со граѓаните со цел подобрување на меѓусебната комуникација.

- Граѓаните на општина Пехчево ќе можат своите проблеми, било да се од лична природа или поврзани со местото на живеење, да ги пренесат на средбите со првиот човек на Општина Пехчево, Александар Китански, што ќе се одржуваат секој вторник и четврток од 12 до 14 часот во кабинетот на градоначалникот, информираат од Општината.

Овие средби, според Китански, ќе бидат од големо значење како за граѓаните, така и за локалната самоуправа.

-На овој начин се надевам ќе обезбедиме квалитетна комуникација со цел подобро и ефикасно функционирање на локалната самоуправа, вели Китански.

Од општината апелираа до сите кои ќе остваруваат средба со градоначалникот да ги почитуваат пропишаните здравствени мерки од корона вирусот. вс/ки/

Остани поврзан