• сабота, 07 март 2026

Градоначалникот на Дебар Фисник Меља во посета на Љубљана, средба со Јанкович за урбан развој и заштита на животната средина

Градоначалникот на Дебар Фисник Меља во посета на Љубљана, средба со Јанкович за урбан развој и заштита на животната средина

Дебар, 7 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Дебар,  Фисник Меља, кој е во посета Словенија, денеска  во Љубљана оствари средба со неговиот словенечки колега Зоран Јанкович. 

За време на средбата, двајцата градоначалници разговарале за искуствата и практиките во современото управување со градовите, урбаниот развој и организацијата на комуналните услуги. 
 
Љубљана претставува многу добар пример за одржливо управување со градот, особено во однос на чистотата на градот, урбанистичкото планирање, јавниот превоз и управувањето со јавните простори. 
 
-Во рамки на посетата,  градоначалникот Меља,  оствари средба и со заменик-градоначалникот на Љубљана,  Дејан Црнек, како и со раководителот на секторот за заштита на животната средина, каде се разговараше за политиките и практиките што градот Љубљана ги спроведува во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој, информираа од општината. 
 
Меља изразил посебно задоволство од остварените средби, гостопримството, подготвеноста за  соработката и можноста за размена на искуства кои можат да бидат корисни за понатамошниот развој на Општина Дебар. вт/дма/


Фото: Општина Дебар

Остани поврзан