• среда, 20 ноември 2024

Градоначалникот Касами во посета на првото родено бебе, додели ваучер во име на општината

Градоначалникот Касами во посета на првото родено бебе, додели ваучер во име на општината
Тетово, 1 јануари 2022 (МИА) - Градоначалникот на Тетово Биљал Касами со сопругата беше во посетата на првото родено бебе и мајката на гинеколошкото одделение во Клиничка болница.  Во има на општината градоначалникот на родилката Мевљуде Идризи и женското бебе им подари ваучер во висина од 40 илјади денари. -Ноќеска, веднаш по пристигнувањето на Новата година, во градот Тетово се роди првото дете. Ова е најмладиот жител во овој град. Му посакуваме живот полн со здравје, среќа и бериќет. Нека расте и порасне, среќно дете, среќа да носи. Општина Тетово на новороденото дете, за среќен почеток на животот му подаривме ваучер, со желба Господ да му даде долг и среќен живот. Добредојде среќно детенце, изјави Биљал Касами. Првото бебе во одделот за гинекологија при тетовската клиничка болница е родено во првата минута од 2022 година.  Женско бебе со тежина од 3480 грама е прво дете на родилката Мевљуде Идризи родена 1997 година.Во новогодишната ноќ се родија вкупно пет бебиња во Тетово. ас/аа/

Остани поврзан