• петок, 22 ноември 2024

„Гоу Грин“: Загрижени сме за предлог-измена на Законот за урбанизам која се носи по брза постапка

„Гоу Грин“: Загрижени сме за предлог-измена на Законот за урбанизам која се носи по брза постапка

Скопје, 12 август 2024

Ние во Гоу Грин сме загрижени за најновата предлог-измена на Законот за урбанизам која се носи по брза постапка, без соодветна јавна дебата и учество на засегнатите граѓани и граѓанскиот сектор. Оваа промена не само што го исклучува гласот на јавноста, туку и претставува закана за нашето јавно добро.

Со оваа измена, ќе се овозможи уништување на јавни простори и непочитување на постоечките квалитетни законски решенија. Дополнително, изградбата на гаражи за автомобили ќе го зголеми бројот на возила на улиците, наместо да се поттикне користење на алтернативни и еколошки превозни средства.

Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“-  Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан