• недела, 22 декември 2024

Готитом Гебресласе го освои маратонот во Јуџин

Готитом Гебресласе го освои маратонот во Јуџин
Јуџин, 18 јули 2022 (МИА) - Етиопјанката Готитом Гебресласе го освои првото место на маратонот за жени на Светското атлетско првенство во Јуџин, САД. Таа успеа да помине 42 километри за 2 часа, 18 минути и 11 секунди, што е нов рекорд на Светското првенство. Претходно, рекордот го држеше Британката Пола Ретклиф, која ја освои светската титула во 2005 година со резултат 2:20:57. До 40-тиот километар, Гебресласе трчаше рамо до рамо со Кенијката Џудит Корир која заврши втора со заостанување од девет секунди. Бронзата ја освои Израелката Лона Салпетер, која заврши со време од 2 часа, 20 минути и 18 секунди. ар/бак/

Остани поврзан