• понеделник, 23 декември 2024

Гостување од Србија со „Поделби“ на сцената во МНТ

Гостување од Србија со „Поделби“ на сцената во МНТ
Скопје, 14 октомври 2021 (МИА)На големата сцена во Македонскиот народен театар вечерва со почеток во 20 часот, ќе се одигра претставата „Поделби“, од авторот Добрица Ќосиќ, по драматизација на Спасоје Ж. Миловановиќ, а во режија на Југ Радивојевиќ. Како што информираат од МНТ, гостувањето е копродукциски проект меѓу Српско народно позориште, Нови Сад, Народно позориште, Ниш и Народно позориште, Приштина со седиште во Грачаница.

Станува збор за едно од најзначајните дела на српската литература по Втората светска војна, „Поделби“, која премиерно беше одиграна на 11 март 2021 година во НП, Ниш.

Според драматургот Кнежевиќ, за да се постави текстот „Поделби“ било неопходно да се направи драстична селекција на многубројните поединечни поделби со кои романот изобилува. 

Кога по претставата ќе слегнат впечатоците за естетиката и пораката од она што сме го виделе на сцената, дури и кога мислењата би ни се разликувале, верува дека сите, или скоро сите, ќе се сложат во едно, без оглед на театарската форма, овие и ваквите Поделби, со својата суштина, најмногу наликуваат на античка драма.

Во претставата играат Небојша Савиќ, (Урош Бабовиќ, селски газда), Соња Дамјановиќ (Вида, негова жена), Mилош Цветковиќ (Милош, нивниот син), Вукашин Рангеловиќ (Вита, нивниот слуга), Милан Ковачевиќ (Адам Катиќ, селскиот газда), Григорије Јакшиќ (Душан Катиќ, студент, неговиот син), Игир Дамњановиќ (Љубиша Дачиќ, нивниот слуга), Страхиња Бојовиќ (Доктор, граѓански политичар), Дејан Цицмиловиќ (Коста Цветиќ, мајор), Валентин Венцел (Германски офицер) и Бојана Милановиќ (Невестата). ар/сст/

Остани поврзан