Гори шума и во Пијанец
- Гори сува треба и шума на планината Средна на местото Света Вода, меѓу делчевските села Разловци и Трботивиште.
Делчево, 21 јули 2022 (МИА) - Гори сува треба и шума на планината Средна на местото Света Вода, меѓу делчевските села Разловци и Трботивиште.
Портпаролот на Општина Делчево, Даниела Такева за МИА вели дека според првичните информации зафатена е површина од два-три хектари шума и сува трева. На терен се сите екипи на ТППЕ-Делчево, ЈП „Македонски шуми“, Доброволното Противпожарно друштво, како и припадници на Граничната полиција.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека од ТППЕ-Делчево се известени дека во 13:50 часот е пријавен пожар на отворен простор во атарот на село Разловци на планината Средна, на местото Ќурчински колиби каде гори сува трева и дабова шума. На терен се тројца пожарникари, со едно теренско возило и едно лице од Доброволното Противпожарно друштво од Делчево, а кон пожарот се упатени и една екипа од четири шумски работници кои до 14:50 сé уште не биле пристигнати на терен..
Согласно информацијата од пожарникарите кои се на терен, до 14:50 била зафатена површина од околу два–три хектари сува трева и дабова шума и поради ветерот и сувата трева пожарот се шири кон борова шума.
Во 15 часот согласно информациите од ТППЕ – Делчево и од ЈП ШС Голак, во моментот се подготвуваат да испратат дополнително уште по една екипа пожарникари и шумски работници. вдј/фф/