• понеделник, 23 декември 2024

Гори трска кај струшкото село Калишта

Гори трска кај струшкото село Калишта
Струга, 27 октомври 2022 (МИА) - Гори трска и трева на брегот на Охридското Езеро, пред влезот на струшкото село Калишта. Командирот на територијалната противпожарна единица од Струга Фети Мазари информира дека теренот е непристапен, но и оти огнот почнал сам да се гаси поради зелената вегетација. - Пожарникарите немаат пристап, но нема опасност за ширење. Огнот почна сам да се гаси, нема сува трева и трска, изјави Мазари за МИА. Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека пожарот бил пријавен во 11 часот, а во гаснењето интервенираат пет пожарникари со две протипожарни возила. сс/ев/

Остани поврзан