Голем пожар беснее во близина на плажа во Мармарис
- Голем шумски пожар избувна во близина на плажа во турското одморалиште Мармарис (област Мугла), јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Истанбул, 27 јуни 2021 (МИА) - Голем шумски пожар избувна во близина на плажа во турското одморалиште Мармарис (област Мугла), јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Причината за пожарот, кој брзо се прошири на релативно голема површина, сè уште не е позната. Пламенот беснее во близина на населено место и позната плажа. Фотографии и снимки од плажата покажуваат како луѓето со вознемиреност ја гледаат огнената стихија.
Противпожарните служби се обидуваат да го изгаснат огнот и од копно и од воздух. ссм/