• петок, 22 ноември 2024

Големи гужви за промена на трансакциски сметки пред делчевските банки

Големи гужви за промена на трансакциски сметки пред делчевските банки
Делчево, 18 август 2020 (МИА) - Откако беше објавено граѓаните да отворат нови трансакциски сметки по пропаѓањето на Еуростандард Банка, делчевци уште од рано утрово во голем број застанаа пред останатите банки во градот за да отворат нови трансакциски сметки. Ова предизвика големи гужви пред банките, во услови кога во Делчево има зголемен број на случаи со Ковид-19.
-За жал мора да чекаме, за да ги подигнеме и оние малку пари што ги имаме мора да отвориме нова трансакциска сметка. Навистина е гужва и се чека многу, но што е тука е парите ни се потребни и ќе чекаме, вели граѓанин кој го затекнавме во редот со останатите граѓани кои чекаа.
На местото пред една од банките беа видливи редарите, кои ја регулираа гужвата со укажување до граѓаните да го запазат редниот број и да држат дистанца.
-За жал не се внимава многу на препораките за држeње дистанца, обврската за носење заштитна маска генерално се почитува. Наше е да го запазиме редот во банката, додека на самите граѓани е да ги почитуваат останатите обврски, велат редарите.
Ваквата состојба пред делчевските банки нагло се зголеми по објавата за пропаѓање на Еуростандард банка и не можноста своите обврски да ги извршуваат во делчевската Пошта, каде најчесто досега поголем дел од граѓаните ја подигаа својата пензија и ги плаќаа сметките за комуналии и електрична енергија.вс/бт/

Остани поврзан