• петок, 22 ноември 2024

Голема кражба на приватни податоци на сопственици на луксузни автомобили во Холандија

Голема кражба на приватни податоци на сопственици на луксузни автомобили во Холандија
Хаг, 27 март 2021 (МИА) - Украдени податоци, имиња, адреси, е-адреси, регистарски таблички на автомобили и датуми на раѓање на сопственици, се нудат на продажба на хакерски веб-страници и форуми. Адреси и телефонски броеви на можеби милиони Холанѓани паднаа во рацете на криминалци, украдени од компанија што се занимава со сервисирање на компјутерски системи на луксузни автомобили, објави денеска холандската телевизија НОС. Иако не е утврден точниот број на сопственици на автомобили чии податоци биле украдени, можно е да се работи за 7,3 милиони податоци, од кои сигурно 2,5 милиони се единствени адреси за е-пошта. - Со овие податоци, автомобилската мафија многу лесно може да види каде точно се наоѓаат скапите автомобили, објасни Џон Фокер, вработен во холандската полиција, задолжен за истраги за кибер и организиран криминал. Истрагата е во тек, а како и кога се украдени податоците сè уште не е познато. ссм/

Остани поврзан