• петок, 05 декември 2025

Годишни извештаи за 2024 година на седница на Комисијата за политички систем

Годишни извештаи за 2024 година на седница на Комисијата за политички систем

Скопје, 10 јуни 2025 (МИА) - Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ќе разгледа годишни извештаи за работата на Народниот правобранител, на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап и на Агенцијата за администрација.

На дневен ред на Комисијата се Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права, Годишен извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, како и Годишен извештај за работата на Агенцијата за администрација, сите за 2024 година. ев/цр/

ФОТО: Архива

Остани поврзан