• петок, 22 ноември 2024

Годишна конференција за децентрализација и локално управување

Годишна конференција за децентрализација и локално управување

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - Во Скопје, денеска и утре ќе се одржи Годишната конференција за децентрализација и локално управување, во организира Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП и во партнерство со Министерството за локална самоуправа.  

Отворањето на конференцијата, која годинава е на тема „Граѓаните во фокус: Креирање иднина со поквалитетни локални услуги“, ќе се одржи на 6 декември (среда), со почеток во 10:30 часот, во хотелот Александар Палас.

Како што најавуваат организаторите, на отворањето на годишната конференција ќе се обратат Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Фатмир Бесими, министер за финансии, Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин, амбасадорка на Шведска во Северна Македонија и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.фф/аа/

  Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан