• петок, 22 ноември 2024

Годишната инфлација во еврозоната минатиот месец остана стабилна

Годишната инфлација во еврозоната минатиот месец остана стабилна
Брисел, 1 декември 2020 (МИА) – Годишната инфлација во еврозоната минатиот месец остана стабилна на минус 0,3 отсто, иако се уште се во сила мерките воведени во борбата против пандемијата на коронавирусот. Европската канцеларија за статистика (Евростат) објави најнови податоци за инфлацијата во еврозоната, според кои годишната инфлација, која во октомври била минус 0,3 отсто, го задржала истото ниво и во ноември. Највисока годишна инфлација од 1,9 проценти е забележана во секторот за храна, алкохолни пијалаци и тутунските производи. Инфлацијата во Грција во ноември изнесувала минус два отсто, во Естонија минус 1,3 проценти, во Ирска, Кипар и Словенија минус 1,1 процент, во Шпанија 0,9 отсто, во Германија минус 0,7 отсто, Италија 0,3 проценти и во Франција 0,2 отсто. гт/

Остани поврзан