• понеделник, 23 декември 2024

Глумиците од „Еуфорија“ проговорија за голите сцени

Глумиците од „Еуфорија“ проговорија за голите сцени
Лос Анџелес, 21 февруари 2022 (МИА) - Неколку глумици од популарната серија „Еуфорија“ на „Ејч-би-оу“, раскажаа за непријатностите поради „непотребните“ разголени сцени предвидени во сценариото. Минка Кели, на пр., во интервју за „Венити фер“ призна дека „фамозната“ сцена во соблекувална со другите ликови „требаше да биде поискрена“, па го замолила режисерот Сем Левинсон да ја смени сцената. - Тоа беше мојот прв ден на сцената и никако не би се чувствувала удобно што стоев таму гола. Реков дека со задоволство ќе ја направам оваа сцена само ако фустанот остане на мене. На Сем не му пречеше тоа, се потсети таа. Претходно, и Сидни Свини, која ја глуми Кеси, за „Вашингтон пост“ изјави дека и таа морала да разговара со Левинсон за прекумерната голотија околу нејзиниот лик. - Му реков на Сем дека Кеси не треба да биде гола во оваа или онаа сцена и тоа е срамота. Сите само ќе ме гледаат во градите и нема да сфатат што навистина се случува, објасни глумицата. Но, обожаватели на Свини сѐ уште сметаат дека нејзиниот лик е премногу сексуализиран. Клои Чери откри дека првично требало да биде целосно гола во сцената каде нејзиниот лик Феј убива маж. А, дури и нејзиниот партнер Тејлор Чејс, кој го глуми момчето на Феј, сметал дека планираната голотија е непотребна. - Можеби би ни било поудобно да имаме повеќе време да се запознаеме. Сем сакаше таа да не носи облека на оваа сцена, но Тејлор рече дека тоа е премногу и сценариото беше сменето, вели тој. - Во секој случај, бев облеана во лажна крв и уживав во фотографирањето, додаде Чери. И Марта Кели, којашто ја глуми Лори исто така одбила да учествува во „збунувачка сцена“ која „смрдела на педофилија“, со Рију (Зендаја Колман). - Веднаш одбив да го направам тоа. Скоро никој не сака да глуми лик кој повредува дете, рече Кели, која ги сподели своите чувства со Левинсон и тој повторно се согласил да го промени сценариото. И покрај тоа што режисерот го зел предвид мислењето на глумиците, нивните коментари предизвикаа жестока дискусија на интернет. Многу корисници коментираат дека дури и со измени, сценаријата на Левинсон имаат премногу голи сцени коишто „тешко се оправдуваат“ со уметничка намера.  си/

Остани поврзан