• петок, 05 декември 2025

Гласаат затворениците во КПД „Идризово“

Гласаат затворениците во КПД „Идризово“

Скопје, 18  октомври 2025 (МИА) - Во Казнено поправната установа КПД „Идризово“ гласањето за локалните избори почнало нареме и се одвива во најдобар ред, информираат од Избирачкиот одбор на избирачкото место 2536.

-Гласачкото место се отвори на време. Гласањето почна во 7:00 часот и тече во најдобар ред. Се надевам дека и до крајот на гласањето ќе остане така, изјави Јадранка Митиевска, претседател на Избирачкиот одбор на ова избирачко место.

Таа истакна дека вкупниот број избирачи на избирачкото место е 1084 досега и оти утрово до 10 часот гласале околу 10 проценти од затворениците.

Гласачкото место, вели таа, се затвора во 19:00 часот и додава оти се надева дека гласањето ќе помине во најдобар ред. сст/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан