• понеделник, 23 декември 2024

Гладков: Шест руски цивили ранети од шрапнели во гранатирање на пограничната Белгородска област

Гладков: Шест руски цивили ранети од шрапнели во гранатирање на пограничната Белгородска област

Белгород, 26 август 2023 (МИА) - Шест лица се повредени денеска при гранатирање на руската погранична Белгородска област од украинска страна со касетна муниција, соопшти гувернерот Вјачеслав Гладков.

Тој на својот канал Телеграм изјави дека шестмина цивили во селото Уразово се повредени од шрапнели, а еден маж е во критична состојба.

Гладков додаде дека во нападот се оштетени 16 куќи, јавни и спортски објекти, два деловни објекти, четири автомобили, а искинат е и далновод.

Руските меидуми пренесуваат дека украинските вооружени сили на Украина денеска се обиделе и со дрон да го нападнат Белгородскиот регион.

Медиумите наведуваат дека територијата на Белгородската област, особено областите што граничат со Украина, речиси секој ден се цел на гранатирања и напади со беспилотни летала. сд/

фото: ФБ на Украинскатра национална гарда 

Остани поврзан