• понеделник, 23 декември 2024

Главен епидемиолог: Новото жариште на Ковид-19 во Пекинг е под контрола

Главен епидемиолог: Новото жариште на Ковид-19 во Пекинг е под контрола
Пекинг, 18 јуни 2020 (МИА) - Пекинг го стави под контрола новото жариште на коронавирус, изјави денеска главниот епидемиолог на Кинескиот центар за превенција и контрола на болести Ву Зуњу, иако главниот град и понатаму може да очекува нови случаи. Во Пекинг се регистрирани 158 случаи откако е потврден првиот на 11 јуни во рамки на новото жарише кое е поврзано со пазарот Ксинфади. Иако има помал број случаи во однос на другите земји, кинеските власти дејствуваа брзо со цел да се намали опасноста од ширење на заразата во Пекинг. - Епидемијата во Пекинг е ставена под контрола. Кога велам под контрола, тоа не знали дека бројот на случаи утре или задутре ќе биде нула, истакна Ву. гт/

Остани поврзан