• недела, 22 декември 2024

Гир: Не гледам можност за промена на преговарачката рамка и таа позиција не е променета

Гир:  Не гледам можност за промена на преговарачката рамка и таа позиција не е променета

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Секогаш сум бил многу јасен за овој договор што беше постигнат во јули 2022 година што резултираше со отворање на пристапните преговори и скрининг процесот. Не гледам можност за промена на преговарачката рамка и таа позиција не е променета по изборите, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, по денешната средба со Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, одговарајќи на новинарско прашање дали има шанса за промена на преговарчата рамка.

Средбата со Муртезани, Гир ја оцени како „добар старт“, посочувајќи дека имал детален разговор за реформската агенда која е дел од планот на ЕУ за раст на Западен Балкан, за досегашната работа на скининг процесот и како да се продолжи врз тоа што е постигнато.

- Очекуваме блиска, регуларна и успешна работна врска со министерот и Министерството, изјави Гир.

Во однос на пораката што се праќа со намалувањето од вицепремиерско на министерско место за европски прашања според Гир, важно е тоа што процесот на евроинтеграција останува високо на политичката агенда.

- Ова е тоа што Владата го вели. Ќе ја оценуваме Владата врз основа на тоа што го прави. Ако сака да продолжи напред на евроинтегративниот пат ние ќе бидеме цврсти и посветени партнери, изјави Гир.

Прашан за планот на Питер Ванхојте за евроинтегративниот пат на земјава, Гир рече дека не е сигурен дека постои таков план, посочувајќи дека Ванхојте работи на проект, финансиран од Белгија, за градење на добрососедски односи во Северна Македонија и соседите.

- Но, надвор од тоа ние во ЕУ не сме поврзани со таа конкретна иницијатива, нагласи Гир.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани посочи дека секоја помош во процесот на зачленување кон ЕУ е добредојдена, вклучителчно и помошта на Питер Ванхојте, но дека тој како новоназначен министер нема видено никаков конкретен план, за да може да даде коментар. аа/ев/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан