Гибаницата е традиционално балканско печиво со крцкави кори и богат фил од сирење, јајца и павлака. Се подготвува релативно едноставно, а резултатот е миризлива и сочна пита која одлично се вклопува и за појадок и за лесен ручек.
Состојки:
- 500 грама кори за гибаница
- 300 грама сирење
- 2 јајца
- 2 дл маслиново масло
- 2 дл минерална вода
- 200 грама кисела павлака
- морска сол (по вкус)
Подготовка:
Рерната загрејте ја на 200 °C. Во длабок сад изматете ги јајцата со минералната вода. Додајте го маслиновото масло, издробеното сирење и киселата павлака. Посолете по вкус и добро измешајте додека да добиете изедначен фил. Намачкајте тава со малку масло и на дното поставете една кора. Потоа земете две кори, благо згужвајте ги, натопете ги во подготвениот фил и распоредете ги врз првата кора. Ставете повторно една рамна кора и повторувајте ја постапката (две згужвани кори во фил, па една рамна) додека не се потрошат состојките. На крај покријте со една кора. Премачкајте ја со малку мешавина од минерална вода и масло. Печете во загреаната рерна 45–50 минути, додека гибаницата убаво порумени и нарасне. По потреба покријте со хартија за печење за да не изгори.
Гибаницата послужете ја топла, со напиток по желба (јогурт, кисело млеко или чај).
Фото: Фрипик