• петок, 20 декември 2024

Германските и австриските железници нудат бесплатен превоз за украинските бегалци

Германските и австриските железници нудат бесплатен превоз за украинските бегалци
Берлин, 27 февруари 2022 (МИА) - Германската железничка компанија „Дојче Бан“ понуди бесплатен превоз за сите Украинци кои сакаат да стигнат во Германија од полско-украинската граница, а слична понуда најавија и Австриските државни железници.
„Од недела, сите украински граѓани можат бесплатно да користат возови од Полска до Германија“, соопшти „Дојче Бан“ (ДБ).
 

Како што е наведено, ДБ е во близок контакт со властите и железничките компании во Полска.
Десетици илјади Украинци се собраа на полско-украинската граница, од кои многумина сакаат да заминат кај роднините во Германија, каде живеат околу 150.000 Украинци. Слична понуда до граѓаните на Украина, како што соопшти Министерството за транспорт во Виена, стигна и од Австриските државни железници. „Вчера се договоривме со Австриските железници дека Украинците кои бегаат од војната можат бесплатно да ги користат возовите на Австриските железници. Многу е важно во овој момент да реагираме брзо и некомплицирано, и тоа го правиме“, рече министерката за транспорт на Австрија, Леонор Гевеслер. паг/  

Остани поврзан