• понеделник, 15 јули 2024

Германија ќе воведе привремена контрола на француската граница за Олимпијадата

Германија ќе воведе привремена контрола на француската граница за Олимпијадата

Берлин, 15 јули 2024 (МИА) - Германија ќе воведе привремена контрола на границата со Франција по повод претстојните Олимписки игри во Париз, соопшти германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер, jaви ДПА.

Тој потег е направен во соработка со француските власти за да се обезбеди поголема безбедност на Олимпијадата, што завршува на 11 август.

Европската комисија ќе биде известена што е можно поскоро.

В петок ќе бидат укинати граничните проверки со Данска, Холандија, Белгија и Луксембург, воведени поради Европското фудбалско првенство. Остануваат граничните контроли со Австрија, Швајцарија, Чешка и Полска за да се запре илегалната имиграција. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан