• понеделник, 23 декември 2024

Германија се подготвува за можна национализација на филијалата на Газпром

Германија се подготвува за можна национализација на филијалата на Газпром
Берлин, 28 август 2022 (МИА) - Германската влада основаше холдинг компанија за да ја изврши евентуалната национализација на Газпром Германија, објави денеска германскиот весник Велт ам Зонтаг, цитирајќи владин документ. Во април германскиот енергетски регулатор најави дека ќе управува со компанијата Газпром Германија (трговија, складирање и пренос) во интерес на Германија и Европа. Новиот холдинг наречен Securing Energy for Europe Holding GmbH (SEEHG) е одговорен за инвестициите на компанијата, објави весникот, наведувајќи дека директорите се двајца адвокати од адвокатската фирма CMS Hasche Sigle, која одби да го коментира извештајот, повикувајќи се на обврските за доверливост. Германското Министерство за економија соопшти дека е запознато со холдинг-компанијата и дека нејзиното основање е превентивен чекор за какви било мерки за реструктуирање. „Тоа е мерка на претпазливост која во моментов постои само како обвивка на корпоративното право“, изјави портпаролот на Министерството за Велт ам Зонтаг. паг/  

Остани поврзан