• четврток, 04 декември 2025

Германија депортира 81 осуден Авганистанец

Германија депортира 81 осуден Авганистанец

Берлин, 18 јули 2025 (МИА) - Германската влада денеска објави дека депортирала 81 осуден Авганистанец.

-Авион за депортација штотуку полета за Авганистан, изјави министерот за внатрешни работи Александар Добринт.

„Авганистанците на кои им беше наредено да бидат депортирани и кои веќе беа осудени беа депортирани“, се вели во соопштението на министерството.

Ова е втора ваква операција од минатото лето.

Берлин има намера дополнително да ја заостри својата имиграциска политика. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан