• недела, 21 декември 2025

Германија го олесни влезот на работници од земји вон ЕУ, двојно зголемен бројот од Западен Балкан

Германија го олесни влезот на работници од земји вон ЕУ, двојно зголемен бројот од Западен Балкан

Берлин, 1 јуни 2024 (МИА) – Во Германија денеска стапија во сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во земјата и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми.

Друг елемент од правилата што ќе стапат во сила од денеска во Германија е проширувањето на прописите за државјаните на земјите од Западен Балкан, соопшти германското МВР.

Според ова правило, работниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Северна Македонија, Албанија и Косово можат многу полесно да одат во Германија на неопределено време, и тоа до 50.000 годишно, што е двојно повеќе од претходно, се наведува на сајтот на Министерството. јт/

Остани поврзан