Германецот Гајгер го освои златото на Планица
- Германецот Карл Гајгер во драматична завршница го освои денеска златниот медал на Светското првенство во скијачки скокови.
Планица, 12 декември 2020 (МИА) – Германецот Карл Гајгер во драматична завршница го освои денеска златниот медал на Светското првенство во скијачки скокови.
Дваесетиседумгодишниот Гајгер триумфираше на скокалницата во Планица надминувајќи го второпласираниот Халвор Егнер од Норвешка за само половина бод.
Триумфот на Гајгер на Германија и ја донесе седмата титула светски првак, прва по пауза од шест години по триумфот на Северин Фреунд во Хараков.
Успехот на германската репрезентација денеска го комплетираше Маркус Ајсенбихлер кој ја освои бронзата. ег/ссм/