• понеделник, 06 април 2026

Герасимовски: Ја интензивираме соработката со општина Стари Град од Белград во културата, спортот и туризмот

Герасимовски: Ја интензивираме соработката со општина Стари Град од Белград во културата, спортот и туризмот
Скопје, 23 септември 2022 (МИА) - Општина Центар и општина Стари Град од Белград ја интензивираат дводецениската соработка како збратимени општини во областите на урбаниот развој, економијата и инвестициите. Градоначалникот Горан Герасимовски е во дводневна посета на општината Стари Град со која Општина Центар е збратимена општина полни две децении. Како што соопшти Општина Центар, во рамки на посетата Герасимовски ги посети културните установи „Параброд“ и спортскиот центар „Милан Гале Мушкатировиќ“ каде со градоначалникот Општина Стари Град Радослав Марјановиќ ги споделија искуствата и договорија размена на проекти во областа на културата, спортот и туризмот. - Нашите две општини имаат слични проекти затоа ќе ја зацврстиме соработката на локално ниво применувајќи ги добрите пракси кои постојат во Стари Град кај нас и нашите кај нив. Важно е да споделуваме искуства и во начинот на кој работат спортските клубови но и да ги споделиме културните вредности и туристичките капацитети на двете држави, изјави Герасимовски при посетата на Стари Град. Благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“, како што се наведува, соработката на државно ниво ќе се интензивира и меѓу локалните самоуправи. -Поривот на Герасимовски и Марјановиќ да се зајакнат локалните самоуправи е силна и оваа искрена меѓусебна соработка ќе помогне двете општини да се подигнат на едно повисоко културолошко и спортско ниво, стои во соопштението од Општина Центар. мд/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан