• недела, 22 декември 2024

Георгиева: ММФ се подготвува за реконструкцијата на Украина

Георгиева: ММФ се подготвува за реконструкцијата на Украина
Вашингтон, 15 април 2022 (МИА) – Директорката на Меѓународен монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева изјави дека ММФ заедно со меѓународните партнери се подготвува за брзо да и помогне на Украина. - ММФ обезбеди дополнителни 1,4 милијарди долари помош за непосредните потреби на Украина. Минатата недела отворивме и специјална сметка, преку која на безбеден начин може дополнително да се финансира Украина. И, заедно со меѓународните партнери, се подготвуваме за потребните масивните напори за реконструкција, наведе Георгиева. Таа истакна приоритети на светот сега се ставање крај на војната во Украина, справување со пандемијата и борба против инфлацијата и долгот.

- Од глобалното искуство знаеме дека конфликтот е непријател на развојот и просперитетот. Високата цена на војната осакати и продолжува да осакати толку многу земји. Бидејќи се надеваме на мир, мораме да направиме сè што можеме за да и помогнеме на Украина и на сите погодени земји, истакна Георгиева. ми/

Остани поврзан