Генералниот директор на Стелантис поднесе оставка
- Автомобилската групација Стелантис соопшти дека генералниот директор на таа компанија Карлос Таварес поднел оставка и дека таа ќе стапи во сила веднаш.
Амстердам, 2 декември 2024 (МИА) - Автомобилската групација Стелантис соопшти дека генералниот директор на таа компанија Карлос Таварес поднел оставка и дека таа ќе стапи во сила веднаш. Наследникот на Таварес ќе биде назначен во првата половина на 2025 година.
-Одборот на директори на компанијата... ја прифати оставката на Карлос Таварес, се вели во соопштението на групацијата.
Француско-италијанско-американскиот производител на крајот на септември соопшти дека го започнал процесот на наследување на генералниот директор, чиј мандат требаше да заврши на почетокот на 2026 година.
-На нешто повеќе од една година пред истекот на петгодишниот договор потпишан во јануари 2021 година, сосема е нормално бордот на директори да ја разгледа таа тема, се додава во соопштението.
Во јули, Стелантис објави пад на приходите во првата половина, при што продажбата е намалена за 18 проценти. мс/
фото: МИА архива