• петок, 22 ноември 2024

Гевгеличани заинтересирани за трета, но не и за прва доза вакцина против Ковид-19

Гевгеличани заинтересирани за трета, но не и за прва доза вакцина против Ковид-19
Гевгелија, 25 октомври 2021 (МИА) - На територијата на Општата болница со проширена дејност од Гевгелија, под чија надлежност се уште општините Богданци и Дојран, бројката на вакцинирани граѓани против Ковид-19 моментно стагнира. Директорот Митко Крџев вели дека на вакциналниот пункт голем интерес постои само за третата „бустер“ доза со вакцината на Фајзер, која до сега ја примиле над 250 граѓани од кои 155 само во еден ден. -Вакцини има доволно за сите што ќе изразат желба да примат трета доза од вакцината Фајзер, без разлика дали се вакцинирани во Гевгелија или на друго место во државата и тоа без најавување доколку се веќе внесени во системот на Министерството за здравство, рече Крџев. Посочи дека во општините Гевгелија, Богданци и Дојран се вакцинирале вкупно 12 000 граѓани од кои ревакцинирани се 11 000 и дека евидентно е намален интересот за прием на прва анти - ковид вакцина, поради што упати апел до граѓаните да се вакцинираат, особено сега, за да се спречи ширењето на мутациите на Ковид-19. им/вг/

Остани поврзан