• недела, 22 декември 2024

Гебрејесус бара мораториум за трета доза вакцина против Ковид-19

Гебрејесус бара мораториум за трета доза вакцина против Ковид-19
Женева, 4 август 2021 (МИА) - Директорот на Светска здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска побара воведување на мораториум за дополнителни дози вакцина против Ковид-19, барем до крајот на септември. Според него, ова е неопходно за да може да се вакцинираат најмалку десет проценти од населението со две дози на која било земја во светот, што е и целта на СЗО. Мораториумот ќе овозможи да се испратат повеќе вакцини во земјите со ниски приходи каде има недостаток. Треба да се фокусираме на луѓето кои се најранливи и најмногу изложени на ризик од сериозни болести или смрт, тие треба да ја добијат првата и втората доза, истакна Гебрејесус. ми/

Остани поврзан