• понеделник, 23 декември 2024

Галтие: ПСЖ против Ремс изгледаше подобро откако Рамос беше исклучен

Галтие: ПСЖ против Ремс изгледаше подобро откако Рамос беше исклучен
Ремс, 9 октомври 2022 (МИА) - Тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие, ги искажа своите впечатоци од натпреварот со Ремс во 10. коло на францускиот фудбалски шампионат. Двете екипи синоќа одиграа 0:0, ова е второ реми за парижаните сезонава во Лига 1. - Беше натпревар полн со нервоза. И иако создадовме шанса за гол во првото полувреме, потоа ни беше тешко. Не можевме да најдеме решенија за проблемите што ни ги создадоа, особено за тоа како требаше да играме со топката. Иронично, по исклучувањето на Рамос, тимот изгледаше подобро со десетмина. Секако, имаше многу промени во нашиот стартен состав, тоа може да доведе до недоволно разбирање. Но, не сум сигурен дали можеме да кажеме дека заслуживме да победиме. Мислам дека имавме шанси да победиме, но на крајот ремито е реален резултат, изјави Галтие за официјалниот сајт на клубот. Парижаните од 41. минута од натпреварот одиграа со фудбалер помалку по отстранувањето на дефанзивецот Серхио Рамос. Шпанецот доби два жолти картони за 30 секунди. ПСЖ продолжува да води на табелата 26 бода. Ремс е на 16. позиција со осум бод. зс/

Остани поврзан