• четврток, 16 мај 2024

Галтие: Против Баерн мора да играме со полна сила и огнено срце

Галтие: Против Баерн мора да играме со полна сила и огнено срце

Париз, 5 март 2023 (МИА) - Тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтиер, ги сподели своите очекувања за реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

 

- Против Баерн нема да имаме момент за одмор, ќе мора да играме со полна сила со огнено срце, желба, решителност и без никакво опуштање, бидејќи на ова ниво нема да се простат и најмали грешки. Ако тоа се случи на еден или два натпревари, тоа е во ред. Но, ова не треба да се случува на големи натпревари, затоа што сакаме да постигнеме нешто, го цитира Галтиер „RMC Sport“.

 

На првата средба парижаните загубија од Баерн со резултат 1:0.

Реваншот ќе се одигра на 8 март во Минхен со почеток во 21 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан