• среда, 15 мај 2024

Галатасарај финализираше два трансфери од Премиер лигата

Галатасарај финализираше два трансфери од Премиер лигата

 

Истанбул, 2 февруари 2024 (МИА) - Галатасарај и официјално потпиша со две нови засилувања од Премиер лигата. Гигантот од Истанбул се засили со напаѓачот на Фулам, Винисиус и десниот бек на Нотингем Форест, Серж Ориер.

Бразилскиот фудбалер кој во тимот на Марко Силва одигра вкупно 48 натпревари, постигна 8 гола и во нив имаше 3 асистенции, од Фулам пристигнува на позајмица до крајот на сезоната. Винисиус ќе го чини Галатасарај сума од 600.000 евра кои ќе им ја платат на тимот од Лондон, а турскиот гигант целосно ќе ја покрие платата на играчот.

Триесет и едно годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Серж Орие ќе го замени Саша Боје, кој беше продаден на Баерн Минхен. Тој доаѓа во Галатасарај на постојан трансфер за 100.000 евра, а неговиот договор е до крајот на сезоната. Тој досега оваа сезона забележа 13 настапи за Нотингем Форест. дс


Фото: Твитер/Галатасарај

Остани поврзан