• сабота, 23 ноември 2024

Галант: Припадниците на Хамас имаат две опции - или да се предадат или да умрат

Галант: Припадниците на Хамас имаат две опции - или да се предадат или да умрат

Ерусалим, 17 октомври 2023 (МИА) - Припадниците на терористичката група Хамас имаат две опции во актуелната војна во Појасот Газа- или да се предадат или да загинат, соопшти денеска израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

-Нашите авиони ќе стигнат насекаде. Секој проектил е адресиран. Ќе дојдеме до секој член на Хамас, рече Галант во обраќањето до пилотите и техничарите на флотата од авиони Ф-35 на израелските воздухопловни сили, во базата Неватим, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Членовите на Хамас имаат две опции – или да умрат на своите позиции или безусловно да се предадат. Трета опција нема. Ќе ја избришеме организацијата Хамас и ќе ги растуриме сите нејзини капацитети“, кажа Галант.

Израелскиот министер  вчера се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој повтори дека САД го поддржуваат Израел и правото на оваа земја да се брани.

Галант истакна дека ова ќе биде долга војна и дека цената ќе биде висока.

-Но, ние ќе победиме за Израел и еврејскиот народ и за вредностите во кои веруваат двете земји, рече тој. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан