• сабота, 21 декември 2024

Вучиќ со амбасадорита на Квинта: Побарав КФОР да се грижи за безбедноста на северно Косово

Вучиќ со амбасадорита на Квинта: Побарав КФОР да се грижи за безбедноста на северно Косово

Белград, 26 септември 2023 (МИА)- Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска имаше состанок со амбасадорите во Белград на земјите од Квинта - САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на делегацијата на Европската унија, при што побара КФОР да се грижи за „сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти“, јави дописникот на МИА од Белград.

Александар Вучиќ соопшти на Инстаграм дека во еден од најтешките моменти за Србија имал важен разговор со претставниците на Квинта.

-Го повторив ставот на Србија за последните настани на Косово и Метохија и побарав КФОР да ја превземе грижата за сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Тој додаде дека го поставил и прашањето -зошто косовската полиција одбила да му дозволи на ЕУЛЕКС да присуствува на самата операција, која била спроведена на територијата на северот на Косово.

На средбата на Александар Вучиќ со амбасадорите на Квинта и на Европската Унија присуствуваше и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ. об/сд/

Остани поврзан