• недела, 22 декември 2024

Вучевиќ: Кога играше Бол бевме на врвот на Истокот

Вучевиќ: Кога играше Бол бевме на врвот на Истокот

Чикаго, 26 август 2024 (МИА) - Никола Вучевиќ зборуваше за придонесот на Лонзо Бол во играта во Чикаго.

- Од повредата на Лонзо Бол, не ги постигнавме резултатите што ги очекувавме. Таа не исфрли од колосек. Кога играше, некое време бевме на врвот на Истокот. Можеби ова не беше реален краен резултат, но ќе ни дадеше борбена шанса за 3-6 место до крајот на регуларниот дел. Останатите момци во тимот беа фокусирани на постигнување поени. Лавињ, Дерозан и јас. Ни помогна во интеракција, ја забрза играта, беше многу важен во одбраната, бранеше заедно со Карузо против најдобрите играчи. Неговите бројки не беа спектакуларни, но тој ни значеше многу. Пробавме опции со млади играчи, потоа дојдоа повреди. Кога нема резултати, почнуваат промените. Дерозан и Карузо заминаа. Тимот стана помлад. Одиме во друга насока. Ќе видиме како ќе помине сезоната, по што ќе бидат донесени одлуки, заклучи центарот на Чикаго.

Бол треба да се врати на теренот оваа сезона. Дефанзивецот нема играно од јануари 2022 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан