Вулканот Килауеа на Хаваите почна да исфрла жешка лава по двомесечна пауза
- Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, еруптираше по двомесечна пауза, исфрлајќи жешка лава, но безбедноста на луѓето и објектите во националниот парк на Големиот остров не е загрозена.

Хонолулу, 11 септември 2023 (МИА) - Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, еруптираше по двомесечна пауза, исфрлајќи жешка лава, но безбедноста на луѓето и објектите во националниот парк на Големиот остров не е загрозена.
Хавајската опсерваторија на вулканите соопшти дека Килауеа еруптирала вчера попладне.
Килауеа еруптираше во јуни неколку недели, исфрлајќи вжештена лава, а луѓето се собраа во националниот парк на Големиот остров за да ја гледаат ерупцијата. мс/
фото: Принтскрин/Јутјуб