• петок, 05 декември 2025

Вулверхемптон ја отфрли втората понуда на Њукасл за Ларсен

Вулверхемптон ја отфрли втората понуда на Њукасл за Ларсен

Вулверхемптон, 27 август 2025 (МИА) - Њукасл им упати втора понуда на Вулверхемптон за напаѓачот Јорген Странд Ларсен, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.

Според Romano  „Свраките“ понудиле 55 милиони фунти за 25-годишниот Норвежанец, но биле одбиени.

Тековниот договор на Ларсен е до 2029 година. 

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на трансферот на играчот на 26 милиони фунти.

Оваа сезона, Ларсен играше на три натпревари на сите турнири и постигна два гола. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан