• недела, 22 декември 2024

Вулверхемптон го порази Челзи

Вулверхемптон го порази Челзи
Вулверхемптон, 15 декември 2020 (МИА) – Последните 82 голови за Вулверхемптон во Премиерлигата се дело на странски фудбалери, вклучувајќи ги и вечерашните два во триумфот од 2:1 над Челзи во премиерниот натпревар од 13. коло во Премиерлигата. „Волците“ стигнаа до триумфот со пресврт со головите на Португалецот Даниел Поденс (66) и неговиот сонародник Педро Нето (90 +5), откако претходно Оливие Жиру донесе водство за Челзи во 49 минута За Вулверхемптон ова беше втора победа во серија, а втор пораз во низа за екипата на Френк Лампард. ег/ сд/

Остани поврзан