• петок, 05 декември 2025

Втор пораз за македонската младинска репрезентација ЕП Б дивизија во Ерменија

Втор пораз за македонската младинска репрезентација ЕП Б дивизија во Ерменија

Ереван, 12.јули 2025 (МИА) - Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија (кошаркари до 20 години) вечерва го доживеа и вториот пораз на Европското првенство Б дивизија што се игра во Ерменија. Поуспешни од македонските млади кошаркари беа врсниците од Австрија, кои со 79:58 славеа победа. 

Избраниците на селекторот Горан Самарџиев одиграа солидна прва четвртина која ја добија со 13:12, но во следните две ривалите беа подобри и ги добија четвртините со 18:8 и 30:21 што им донесе убедлива предност во пресрет на последната четвртина.

Најдобар во таборот на Македонија беше Стефан Стојковиќ кој имаше „дабл-дабл“ ефект - 15 поени и 12 скока, а најефикасен на дуелот беше Омер Суљановиќ од Австрија со 19 поени.

Утре Македонија го игра третиот натпревар во групата. Дуелот почнува во 14 часот, а противник ни е Грузија.   мн/

 

Фото: Фејсбук Кошаркарска федерација на Македонија

Остани поврзан